Крајот го краси делото, па така македонските каратисти на последниот ден од Балканското првенство за деца освоија три златни, два сребрени и два бронзени медали.
Репрезентативниот ката тимот 13-14 години, сосатвен од каратистите на Гладијатор од Велес- Ј. Васиќ, Г. Бановски и Х. Димитриевски, беше најдобар во оваа категорија и заслужено се шампиони на Балканот. Во истата возрасна категорија, но женскиот ката тим, го освои бронзениот медал во состав: В.Аврамова, М.Маневска и И. Муфтарова од Урбан инвест од Кавадрци.
Машкиот ката тим 11-12 години е второпласиран, откако во финалето беше поразен од тимот на Турција. Ова е голем успех за претставниците на Фунакоши Гичин од Скопје: Д.Спасовски, Т. Мишов и К.Бојарски.
Столе Смилковски (- 57 кг) и Фахиќ Весели (-52 кг) од Олимпик спорт од Скопје до 14 години станаа балкански шампиони. Во категоријата до 57 кг Лирим Емини (Башкими 2002-Куманово) беше трет, а во категоријата -52 кг Дритон Халими (Камиказе-Ттеово) беше дел од македонското финале и се закити со сребрениот медал.
По почетните трауми поради сместувањето, македонските каратисти покажаа дека имаат знаеење и дека може да се носат со врсниците од Балканот.
ipon.mk/В.Д.