Уште две борби и Федор Емилијаненко се збогува со ММА

Скот Кокер откри дека MMA легендата Федор Емелијаненко ќе направи уште две борби и ќе се повлече од ММА. Претседателот на Белатор сака Федор да се бори пред полни трибини за да може љубителите да го почестат еден од најголемите во историјата на овој спорт.

44-годишниот Русин има учинок 39-6-1 во ММА, а последен пат се бореше на крајот на 2019 година. Последниот император го нокаутира Квинтон Џексон во Јапонија. Емелијаненко победи во 3 од последните 5 борби за Белатор и секоја заврши во нокаут.

Искусниот Русин е меѓу великаните на спортот и во својата позната кариера остана на врвот 10 години. Тој забележа серија од 27 последователни победи во неговите најдобри години.

Федор во моментов е во САД и им помага на браќата Немкови во нивните битки.

„На Федор му преостанаа уште две борби пред крајот на кариерата. Ова ќе биде негова проштална турнеја. Да не беше коронавирусот, ќе организиравме борба за него.

Работевме на битка во Европа, но сакаме да почекаме и на гледачите да и биде дозволено да ги следат турнирите. Не мислам дека Федор треба да се збогува од спортот пред празни трибини.

Потребни ни се луѓе за да можат да му оддадат почит на таков легендарен борец“, изјави Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО