Уште 5 дена до борбата на Ристо Димитров-Чурино за појасот против Дарко Кнежевиќ

Се наближува Барабер фајт најт 3, на 2 ноември во Белишќе – Хрватска, кој во овој дел од годината е еден најголемите настани на Балканот, а потоа следи најспектакуларната приредба на КСВ во Загреб, но за нас е битно што Ристо Димитров се бори за појасот на оваа организација против Дарко Кнежевиќ од Србија.

Вкупно ќе се одржат 11 профи ММА борби, три профи бокс (една е за појас) и еден меч е бокс без ракавици, што ќе биде прв пат на овие простори. Во  игра се звучни имиња како Кокора, Зидар, Пешут, Сумиќ, Ливаја и многу други.

Настанот е во организација на Јуропијан топ фајтерс (ЕТФ) и главниот менаџер Кристија Ускоковиќ – Ускок.

Димитров кој во повртаничкиот меч по двегодишна пауза  во јуни славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Шпириќ од КБК Тигар од Жабањ, Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON