УСАДА го прекинала Медеирос во најитмниот во момент: Се трудеше да остане професионален

Јенси Медеирос преку социјалните мрежи раскажа како допинг тестирањето го прекинало во најинтимниот момент.

„Се сексавме во мојата дневна соба и УСАДА ми тропа на вратата. Беше 20 часот. Најдобриот дел, го гледам в лице и гледам колку се труди да биде професионален, а знам дека го слушнал сето тоа … Ме тестираа пред и по натпреварувањето, но „за време“, е тоа прв пат го доживеав“, напиша на Твитер 33-годишниот борец од Хаваи.

Медеирос се приклучи на списокот на УФЦ во 2013 година, а досега има 14 настапи (6-7, 1 НЦ) под покровителство на најпознатата ММА промоција.

„Кид“  да споменеме, последен пат е виден во октагонот во февруари кога од него поуспешен беше Ландо Ваната. Тоа беше неговиот трет пораз во низа.

https://twitter.com/ymedeiros/status/1328030506009575426?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1328030506009575426%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Fufc%2Fusada-prekinula-medeirosa-u-najintimnijem-trenutku-trudio-se-ostati-profesionalan%2F10507147%2F

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON