Недостатокот на информации за развојот на случајот на Џон Џонс кај Американската антидопинг агенција предизвикува серија на гласини.
Последната таква е дека Џон Џонс ќе се врати на УФЦ 230 на 3 ноември во Њујорк во реваншот со Александар Густафсон.
Сето тоа би било можно само во случај на тешка корупција во Американската антидопинг агенција.
Поттикната од се погласните шпекулации за можна корупција во случајот на Џонс, УСАДА се огласи со соопштение.
„Мора да се осврнеме на некои од коментари во медиумите и на социјалните мрежи и да кажеме дека УСАДА под никакви околности не прима пари, како дел од решавањето на случаите“, се вели во соопштението на антидопинг агенцијата.
Пред неколку месеци поранешен цимер на Џонс од колеџ, Колби Конингтон изјави дека не би бил изненаден ако УФЦ поради своите интереси интервенира кај УСАДА, за да поранешниот шампион во полутешка категорија што побрзо се врати на борилиштето.
УФЦ ја користи УСАДА како свој партнер кој ја води антидопинг програмата.
На 31-годишниот Џонс поради вториот пад на допинг-тестот му се заканува четиригодишна суспензија.
Спортската комисија во Невадаво февруари му ја суспендира лиценцата.