Секогаш добро расположениот и харизматичен Тајсон Фјури уште еднаш ги забавуваше своите обожаватели така што ја повика водителката да испие шише пиво на сцената пред илјада луѓе пред да почнат со интервјуто.
„Џипси Кинг“ моментално е на турнеја низ Велика Британија, па така минатиот викнед го посети шкотскиот Глазгов. Пред интервјуто со Мишел Џој Фелпс, американска репортерка и водителка на Behind The Gloves каналот, вистинскиот боксерски шампион во во тешка категорија приреди вистинско шоу.
Пред започнувањето на разговорот Фјури го зеде микрофонот и пред салата полна со обожаватели ја наговори Фелпс на „екс“да испие едно пиво.
„Слушај, можеби си Американка, но ние сме во Шкотска“, рече Фјури наострено, а потоа ја крена публиката која почна со него гласно да скандира „на екс“, а репортерката за тоа време се фати за пивското шише.
Фелпс ја сподели снимката на настанот преку Твитер и во коментираот напиша:
„Фјури ме натера да испијам пиво пред 1000 навивачи во Глазгов пред почетокот на интервјуто“.
Фјури се врати во Британија по победата против Германецот Том Шварц, кого пред две недели го совлада со технички нокаут во втората рунда во Лас Вегас. Претходно се бореше со светскиот првак во ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, и нивната борба заврши нерешено. Пресметка меѓу нив се планира во почетокот на 2020 година. Но, пред да има реванш со „Бронзениот бомбардер“, тој рече дека во 2019 година планира да направи уште еден меч. Името на противникот не е познато, но борбата треба да се одржи во октомври во САД.