Урим Саити (- 82,5 кг) викендов во Олтен-Швајцарија го совлада Босанецот Дејан Крнета на кик бокс настанот „Стори 4“ Швајцарија. Настанот беше во организација на Брадерс ГСМ, а под закрила на ВКУ.
Саити за мечот вели: „Во трите рунди доминирав. Цело време борбата ја контролирав, што беше пресудно да славам со едногласна судиска одлука од 3-0“.
Тој истакнува дека по овој меч стигнале понуди за други настапи.
„Сега разговораме за настапи на некои други турнири во Швајцарија, но треба да се договорат деталите“, посочува Урим од Маршал артс академијата од Кичево, истакнувајќи дека продолжуваат со редовни тренинзи во клубот.
Тој изразува благодарност до Ipon.mk како медиум што ги следи настанатите од боречките спортови, на неговите соработници кои му помагнале во потготовките, како и на Фризур Абдули од Брадерс ГСМ- Олтен, кои го организирале настанот „Стори 4“, кој е еден од најголемите во Швајцарија.
Ipon.mk/В.Д.