Ураим Саити од Маршал артс академијата од Кичево синоќа приреди вистинско шоу на Фајт најт во Базел, Швајцарија, во Кросхал откако со нокаут во втората рунда по правилата на К-1 го совлада Унгарецот Тибор Варга .
Но има и предисторија овој меќ која ни ја раскажува Урим.
„Освен што имаше некое мало недоразбирање, продолживме до крај, и, сепак, успешно. Прво, противникот тежеше 92 кг, а требаше да се бориме во 88 кг. Отприлика во 22.00 часот требаше да се бориме, организаторите кога видоа дека голем број од посетителите, може да речам дури 90 отсто од публиката беше дојдена за мене, ми ја заменија борбата за во 24 часот.
Борбата е ставена на програмата во главните борби.
Првата рунда го проучував и малку се држев на дистанца… Во втората веднаш ја икористив приликата и со неколку комбинаци раце, колено, раце… завршија работа, а Варга не можеше да ја продолжи борбата.
Имав голема поддршка од публиката, која и јас не ја очекував. Некои беа дојдени дури и од Македонија“, изјави за Ipon.mk Урим Саити.
Тој се заблагодарува на Сами Зеќири за трудот што вложил за него…Спонзорите Тефик класик сервис, Лими Палоксен. Хпт бег моторс, Бисто, Голден оил.
Ipon.mk