На Државно првенство за натпреварувачи од 11-14 години во кати и Наградниот турнир за деца екипата Урбан инвест, по првиот ден, направи забележителен резултат освојувајќи 11 медали (3 златни- 4 сребрени- 4 бронзени) на Превнството и три (1-1-1) на Наградниот турнир.
Женскиот тим по трети пат стана државен првак, а во исто време направија и победа еден-три. Од друга страна, братот и сестрата, Петар и Владанка Аврамови, станаа државни прваци.
Освојувачите на медали се стекнаа со право за настап на престојното Балканско првенство за натпреварувачи од 11-14 години, што ќе се одржи од 29 до 31 мај во Херцег Нови.
Карате клубот Урбан инвест има освоено 9 пласмани (8 поединечни и 1 екипна категорија) за настап на Балканското првенство.
Државното првенство
Златни медали:
1. Владанка Аврамова – кати поединечно 2002 година
2. Петар Аврамов – кати поединечно 2004 година
3. Ката тим 2001/2002 година во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска.
Сребрени медали:
1. Моника Коцх – кати поединечно 2001 година
2. Ивона Муфтарова – кати поединечно 2002 година
3. Ката тим 2003/2004 година во состав: Стефанија Грозданова, Мелани Богева, Анастазија Ристов и Марија Трајкова.
4. Ката тим 2003/2004 година во состав: Петар Аврамов, Лазар Стоев и Никита Николоски.
Бронзени медали:
1. Никита Николоски – кати поединечно 2004 година
2. Миа Маневска – кати поединечно 2002 година
3. Кристина Тодорова – кати поединечно 2001 година
4. Блаже Коневски – кати поединечно 2001 година
Награден турнир за деца
Златен медал:
1. Кристијан Митрев – кати поединечно 2007 година.
Сребрен медал:
1. Ката тим 2005/2007 година во состав: Данка Стојкова, Цветанка Стојева и Јована Манева.
Бронзен медал:
1. Надица Цветковска – кати поединечно 2007 година
ipon.mk/В.Д.