Стипе Миочиќ го демолираше Марк Хант!

 

stipe_micocidasdadas

Стипе Миочиќ ноќва (сабота спрема недела) во австралиската Аделаида стигна до најголемата победа во кариерата. Америкаснко-хравтскиот тешкаш во „главниот настан“ на УФЦ Фајт најт 65 буквално го демолираше до непрепознавање на легендарниот Марк Хант. Судијатa го прекина мрцварењето по 02:45 минути во петата рунда и прогласи технички нокаут, но доминацијата на Миочиќ беше толку голема што комотно можеше да ја прекине борбата во третата рунда.

Со оваа импресивна победа „ММА пожарникарот“ докажа дека со право цели, не само на предизвикувачката позиција, туку и дека неговите сништа за УФЦ појасот се реалност. Ако светот по средбата Жуниор дош Сантош не беше сигурен дали е Стипе материјал за самиот врв, сега тоа е сосема јасно. Миочиќ е фактор во тешка категорија во УФЦ.

УФЦ Фајт најт 65: 

Стипе Миочиќ- Марк Хант ТКО Р5, 02:45

Роберт Витакер – Бред Твараес со КО, 00:44 Р1

Шон О’Конел – Ентони Перош со TKO Р1 00:56

Џејмс Вик – Џејк Метјуз (гилотина-давење) Р1, 04:53

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО