Екипата на Урбан иневст е најдобра на Меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин“ во Скопје, во ортганизација на истоимениот клуб. Кавадаречките каратисти освоија 18 златни, 19 сребрени и 17 бронзени медали.
Втора е екипата на Фунакоши Гичин (16-8-10), трета Металург (8-5-3) итн.
На турнирот учествуваа 401 натпреварувачи, 279 во машка и 122 женска конкуренција, од 4 држави, односно од 32 клуба.
Меѓу победниците се Владанка Аврамова-Урбан инвест, ката тимовите на Фунакоши Гичин, Абдурахим Идризи -Макпетрол, Теодора Цветковска во кати- Ринија, Снежана Антиќ-Будо, Сумеја Дураковиќ -Кеикс, Магадалена Божиновска-Олимпик Спорт 2007, Симона Николовска-Ботони, Сара Крстевска -Металург, Кристијан Бошковски-Макпетрол, Бенан Хоџиќ-Кеикс, Шериф Гафури-Фати, Ангел Митев и Петров Ѓорги-Партизан-Кочани, Петар Спасеновски, Роберто Ацковски и Филип Несторовски од Металург, Данаил Христовски-Макпетрол, Хамза Зилали-Дрини, Андреј Ангеловски-Олимпик Спорт 2007 итн.
Сите резултати од „Фунакоши Гичин 2016“(се уште се неофицијални).
Ipon.mk/В.Д.