Македонската универзитетска репрезентација ги заврши десетдневните подготовки во Бар и Сутоморе, Црна Гора, за Европското универзитетско првенство во Коимбра, Португалија. Утре летаат до Истанбул, а следниот ден до Португалија, каде што ќе останат до 30 јули кога се и финалните борби на ЕП.
За Македонија ќе настапат: Петар Заборски -75 кг, Сара Радичевска -50 кг, Симона Заборска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг, Моника Стефановска -68 кг во борби и Ферри Исиќ во кати поединечно.
Во екипно борби жени ќе настапат сите девојки кои настапуваат и во поединечна конкуренција.
На ЕП требаше да настапи и Адил Мехмед, бидејќи на Универзитетското првенство на Англија убедливо го освои првото место.
„Задоволен сум од подготвеноста на моите избраници. Во Бар имавме прекрасни услови за работа и ја подигнавме спортската форма. Во тимот владе позитивна атмосфера, имаме и добро расположение како предуслов за постигнување на добри резултати од овој натпревар“, изјави селекторот на репрезентацијата, Бошко Заборски.
Тоа што го прави поразлично ова првенство од изминатите е фактот што во Португалија, за прв пат на едмно место ќе бидат сите боречки олимписки спортови, однонсој каратето, џудото и теквондото во исто време се на натпреварувачките програми на ова Европско првенство.
Ipon.mk/В.Д.