Универзитетската карате репрезентација ги почнува борбите за медали на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови

Универзитетската карате репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот Жарко Арсовски вчера успешно ги помина тежинските контроли за пријавените спортисти на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во Загреб.

Денес започнуваат елиминациските борби за сите спортисти кои се пријавени во поединечните категории во дисциплините борби и кати.

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб, до сега има пријавено 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Во Загреб ќе се одржат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Првенството се одржува во периодот од 20-23 јули.2023 годинa.

За универзитетската карате репрезентација ќе настапат:

1.Симона Заборска – 61 кг
2.Викторија Јовановска – 61 кг
3.Ивана Јорданова -50 кг
4.Бојана Манева Бојана +68 кг

Во машка конкуренција ќе не претставуваат:
5.Давид Петков -67 кг
6.Петар Заборски -75 кг
7.Петар Спасеновски -84 кг
8.Димитар Илиевски -75 кг
9.Витомир Трајковски -84 кг
10.Стефан Стојановиќ +84 кг
11.Глигор Хаџи Кимов -84 кг
12.Цане Давитков +84 кг и
13.Марко Бунтески – Кати

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON