Скопје во недела ќе биде домаќин на еден исклучителен настан, мајсторот за винг чун кунг фу, сифу Мирослав Тодоровски –Мирко, организира натпревар во винг чун дисциплини, кој имаат демонстративен карактер.
Ова е доволен предизвик да се видат натпреварите во повеќе дисциплини, односно борби со сабји, стапови, еден спрема десет противници и други.
Според Мирко, целите и задачи на натпреварувањето се да се претстави целокупноста, комплетноста, ефикасноста, како и убавината на Wing Chun Kung-Fu; презентација, омасовување и внесување на поголем квалитет во вежбањето, однсоно да се опфатат трите основни групи на учесници во натпреварувањето.
Вежбачи – напредување и мотивираност во самиот тренажен процес; стручни лица – запазување на изведбата и квалитетот на техниката со што и очувување и внесување на поголем квалитет во вежбањето за 21 век и публика – запознавање и едукација преку интересен начин на натпреварување.
Натпреварувањето е во 4 дисциплини (рунди): еднорачно Chi Sao; дворачно (вкрстено) Chi Sao; змаев стап (Chi Kwoon) и демонстрација. За сите дисциплини се добиваат оцени (бодови). Кој има најмногу поени е победник. Секој натпреварувач мора да учестува во секоја дисциплина.
На овој линк може да видите уште нешто.
Ipon.mk/В. Д.