Умар Нурмагомедов ќе дебитира во УФЦ на Борбениот остров

Умар Нурмагомедов конечно ќе дебитира за УФЦ. Еден од братучедите на шампионот во лесна категорија на организацијата, Хабиб Нурмагомедов, ќе влезе во октагонот на 23 јануари на УФЦ 257, што ќе се одржи на битскиот остров Јас, Абу Даби. Негов противник ќе биде уште еден дебитант – казахстанскиот борец Сергеј Морозов. Судирот меѓу нив ќе биде во петел категорија.

24-годишниот Умар Нурмагомедов има биланс од 12 победи и е без пораз во ММА. Половина од средбите ги доби пред последниот удар во гонгот (1 со нокаут и 5 по завршница). Дагестанскиот борец е поранешен шампион во ГФЦ. Минатата година, Нурмагомедов забележа четири борби, при што победи на две од нив по завршница и на два со одлука на судиите. Тој требаше во април да влезе во октагонот, но пандемијата на коронавирусот ги спречи плановите за неговата прва борба во УФЦ. Во јуни, Нурмагомедов доби нов датум и ривал за дебито во најпознатата ММА оргтанизација во светот – 25 јули, против Натаниел Вуд, но и овој натпревар не успеа.

Сергеј Морозов има биланс од 16 победи и 4 порази во ММА. Тој победи на 11 натпревари (8 со нокаут и 3 со завршница). Казахстанскиот борец е во серија од пет последователни победи, а неговиот последен пораз во кафезот е во февруари 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON