Умар Кремлев избран за претеседател на АИБА

Генералниот секретар на Руската боксерска федерација Умар Кремлев е избран за претседател на Аматерската меѓународна боксерска асоцијација (АИБА). Гласањето се одржа денска на конгресот на АИБА што се одржа преку Интернет.

Анас Ал-Отајба (ОАЕ), Сулејман Микаилов (Азербејџан), Борис ван дер Ворст (Холандија) и вршителот на должноста претседател на АИБА, Мохамед Мустасан (Мароко), исто така, беа кандидати за оваа функција. Рами Ал-Масри (Германија) и Доминго Солано (Доминиканска Република) ги повлекоа своите кандидатури пред гласањето.

Кремлев доби 57,33% од гласовите. Второто место на изборите го зазеде Ван дер Хуст (30%), третото – Мустасан (12,67%).

„Би сакал да им се заблагодарам на сите национални федерации за довербата. Денешниот избор на боксерска заедница е потврда за нашата заедничка посветеност на глобалните реформи што ја очекуваат АИБА утре. Сигурен сум дека со заеднички напори ќе можеме да ја вратиме АИБА во својата поранешна величина и довербата на сите оние што се заинтересирани за развој на светскиот спорт што е можно поскоро“, рече Омар Кремлев.

„Наш прв приоритет ќе биде да ги исплатиме долговите на АИБА. Како што ветив, кога ја објавив мојата одлука да се кандидирам за претседател, ќе ги отплатиме долговите во првите шест месеци. Моите активности ќе бидат насочени кон собирање 50 милиони долари за две години – средства што ќе бидат искористени за реконструкција и развој на АИБА“, додаде Кремлев.

Тој најави дека планира да обезбеди два милиона долари годишно за финансирање на националните федерации на АИБА и да формира боксерски академии на секој континент за обука на спортисти, тренери и судии.

Кремлев е уверен дека ќе може да истрасира јасен пат кон враќањето на статусот на признавање на АИБА во Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON