Умар Кејн постигна победа над Маркус Алмеида на ОНЕ Шампионатот

Беа потребни речиси три години, но „Рог Рог“ како што е познат Умар Кејн, конечно го победи Маркус Алмеида.

Во текот на изминатите неколку години Кејн и Алмеира требаше да се соочат еден со друг во рамките на ОНЕ Чемпионшип, но, во секој случај, судбината интервенираше за да го спречи мечот да се одржи.

Конечно, во петокот, двете ѕвезди во тешка категорија се судрија на ОНЕ Чемпионшип фајт најт 13 во Бангкок, а по 15 минути битка „Рог рог“ заработи победа со едногласна одлука.

Алмеида има скор од 4-1 во ММА. Тој има победено секој од своите натпревари во првата рунда. Маркус е еден од најдобрите во историјата на бразилската џиу џица. Во граплинг Бучеча има скор од 128–13–1.

Кејн има скор од 6-1 во ММА. Умар има добиено 4 од неговите победи со нокаут. Неговиот единствен пораз беше со нокаут од Кирил Гришенко во 2021 година. Кејн е легенда во сенегалското борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON