Улица во Њујорк ќе го носи името Мухамед Али

Muhamed ali nokautira

Една од улиците во Њујорк ќе биде преименувана по легендарниот боксер во тешка категорија, Мухамед Али, кој почина во петокот на 74-годишна возраст.

33-та Вест стрит, која се наоѓа во близина на салата „Медисон сквер гарден“, привремено ќе го носи името на Али.

Токму во „Медисон сквер гарден“ имаше осум средби, вклучувајќи и една од најпознатите познатите на 8 март 1971 година против Џо Фрејзер.

„Тој заслужува во негова чест да биде именувана улица. Во целиот свет му се восхитуваат и го почитуваат за тоа дека опстојувал на своите принципи, својата вера“, изјави градоначалникот на градот, Бил де Блазио.

Според законите на Њујорк, за да биде трајно преименувана дадена улица, мора да има решение на Градскиот совет, а последователно да биде одобрен и од градоначалникот.

Во својата професионална кариера Али заблежа 56 победи (37 со нокаут) во 61 меч. Тој е олимписки шампион од 1960 година, а во 1999 година беше прогласен за спортист на XX век.

Погребот на боксерот ќе биде во петок во неговиот роден град Луивил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON