Украински пратеник и руски дипломат се степале за знаме (ВИДЕО)

Дипломатска конференција во Турција стана арена на тепачка меѓу украински пратеник и руски дипломат.

Тепачката се случила откако руски дипломат му грабнал знаме од рацете на украински пратеник. Инцидентот се случи откако членовите на украинскиот парламент се обидоа да го попречат говорот на руските делегати за време на состанокот.

Тековната војна меѓу Русија и Украина се прелеа на конференцијата кога украинските пратеници се обидоа да го прекинат говорот на членот на руската Државна дума Ола Тимофеева.

Украинците го развиорија знамето на својата земја зад Русите додека го одржуваа говорот, поради што состанокот беше прекинат бидејќи украинската делегација беше изведена надвор од просторијата.

Надвор од конференциската сала, украинскиот пратеник Олександар Мариковски се фотографираше со знамето, но неименуваниот руски делегат му го грабна од раце, што доведе до физичка пресметка. Беа упатени неколку удари пред да интервенира обезбедувањето.

Овие случувања следат по руските тврдења дека Украина се обидела да го убие претседателот Владимир Путин во напад со беспилотно летало врз Кремљ во Москва. Како одговор, Русија ги зголеми сопствените напади со беспилотни летала против Украина, насочени кон градови како Киев и Одеса

Иако конфликтот е очигледно многу сериозен, настаните како оваа тепачка не помагаат никому, со оглед на нивната детска природа. Дури и тој што го сними видеото се насмеа на однесувањето на возрасните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON