Украинската џудо федерација (УЈФ) соопшти денеска дека нејзините спортисти нема да настапат на претстојното Светско првенство во Катар, во знак на бојкот на одлуката на Меѓународната џудо федерација (ИЈФ), да им биде дозволено учество на руски и белоруски џудисти под неутрално знаме.
ИЈФ минатата недела објави дека ќе им дозволи на џудистите од Русија и Белорусија да настап на СП кое е на распоредот од 7 до 14 мај, истакнувајќи дека таа одлука ќе им овозможи на Русите и белорусите учество во квалификациите за настап на Олимписките игри 2024 во Париз.
Меѓутоа, од украинската федерација тврдат дека одреден број руски џудисти, кои се пријавени за СП во Катар, имаат статус на „активни војници“.
„Не гледаме во ова неутралност, еднакви услови и „мост до мирот“, како што стои во Резолуцијата на ИЈФ за учество на руската и белоруската репрезентација на СП во Доха … Разочарани сме од одлуката на ИЈФ. Затоа одлучивме да не настапи на СП во Доха“, соопшти украинската страна.