УФЦ го продолжува своето ширење на глобално ниво, веќе и под управување на новите сопственици од ВМЕ/ИМГ кои ја купија компанијата за сума од 4 милијарди долари во текот на летото.
Дуелите од најпрестижната ММА организација на планетата веќе ќе се пренесуваат во Северна Африка и Блискиот Исток, откако ВМЕ/ИМГ потпишаа договор со мрежата ОСН.
За амбициите на ВМЕ/ИМГ за глобално проширување имаше некои дилеми, откако новите сопственици на организацијата ги затворија своите канцелариите во некои делови на светот.
Парафиран е договор со ОСН и проширувањето на арапските и африканските пазари, сепак, зборува за радикално различни намери.
Не е за потценување и веста за скорешната средба на Ари Емануел и Дана Вајт со вицепремиерот на Русија, што зборува за интерес и кон огромниот руски пазар.