УФЦ потврди: Миочиќ против Хант на 10 мај!

hunt_miocik

Тешкашите Марк Хант и Стипе Миочиќ ќе се соочат на УФЦ најт 65 на 10 мај во Австралија. Иако имаше неизвесност околу овој меч, веќе е отпечатен плакатот за нивната средба.

Хант ќе има меч по поразот од Фабрицио Вердум на УФЦ 180. Дуелот беше за привремената титула во тешката категорија, а победникот има шанса да се бори со Каин Веласкез, кој се врати на борбите по повредата. Добрата вест за Хант е дека по неколку силни победи тој најверојатно повторно ќе стане кандидат за титулата.

Истото може да се каже и за Миочиќ, кој загуби со многу спорна судиска одлука од поранешниот шампион Жуниор дош Сантош на УФЦ он ФОКС13 во декември. Овој пораз му ја прекина серијата од три последователни победи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON