УФЦ планира реванш меѓу Волкановски и Холовеј

Александар Волкановски го победи со одлука на судиите Макс Холовеј минатиот викенд во Вегас и ја освои титулата во перо категорија. Победата беше доста убедлива за новиот шампион, кој ја зголеми својата победничка низа и неговата ММА статистика, која сега е 21-1 во кафезот.

За поранешниот шампион, ова беше прв пораз во категоријата по 6 години и крај на серијата од 14 последователни победи во перо. Дана Вајт и Волкановски се на мислење дека Макс заслужува реванш и планираат да го сторат тоа во Австралија. Еве што рече претседателот на УФЦ за можната втора битка:

„Пазарот е голем во Австралија и мислам дека тука треба да направиме реванш меѓу Холовеј и Александар Волкановски“.

Самиот шампион нема проблем да му даде реваншот на Холовеј. Александар верува дека Макс го заслужува тоа и е подготвен да му даде втора шанса:

„Мислам дека Макс заслужува реванш. Мислам, дека заслужено ја добив борбата. Луѓето ќе продолжат да се сомневаат, но ја заслужив победата. Подготвен сум за друга борба, затоа што заслужува реванш.

Ќе бидам уште подобро подготвен за втората средба. Сега е мое време. Ерата на „Благословениот“ заврши. Подготвен сум да го сторам тоа во Австралија. Ајде да продадеме платени гледања и билети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON