УФЦ објави три нови борби и датумите за нивното одржување.
Највозбудливите се во полутешка категорија, каде што поранешниот шампион Маурисо Руа – Шогун ќе ги одмери силите со Овинс Сент Про на УФЦ Фајт најт во Јапонија на 23 септември.
Ова ќе биде втор овие двајца борци да се сретнат во октагонот на УФЦ. Во ноември 2014 година Сент Про го победи Руа со TKO во првата рунда.
По овој пораз Руа e непоразен. Шогун е во серија од три последователни победи, што му е најдолготрајна серија по пристапувањето на УФЦ во 2007 година.
Последната победа на Руа e над Џијан Виланте со ТКО во март. Серијата ги вклучува и победите против Антонио Рожеиро и Кори Андерсон.
Овинс Сент Про се враќа во октагонот по сабмишан (Von Flue choke) победата над Маркос Рожерио во април. Пред тоа тој беше во серија од три порази, но не од случајни борци – Џон Џонс, Џими Манува и Волкан Оездемир.
Со последната сезона на The Ultimate Fighter веќе сè е договорено, УФЦ најави дека двете финални средби, кои ќе се одржат в петок на The Ultimate Fighter: Redemption Finale.
Диего Лима ќе се сретне со Џеси Тејлор, за да биде крунисан новиот шампион на ТУФ/TUF, а поразените во полуфиналните битки Том Галичио и Џејмс Краузе исто така ќе се сретнат истата вечер.