За разлика од скоро сите меѓународни спортски натпреварувања, најголемата ММА организација – УФЦ – нема да ги откаже закажаните настани во март.
#UFCBrasilia Update.
More info ➡️ https://t.co/WqSIp85sxG pic.twitter.com/O5msa80Da1
— UFC (@ufc) March 13, 2020
Во специјалното видео соопштение, претседателот на промоцијата Дана Вајт објасни дека во претстојната сабота во Бразил ќе се одржи настанот без публика, а следните изданија на УФЦ Најт фајт ќе бидат преместени во седиштето на УФЦ во Лос Анџелес, исто така без фанови.
Купените билети ќе можат да ги вратат, а борбите ќе бидат достапни за гледање на интернет платформата на ЕСПН, како и на телевизиските партнери на организацијата ширум светот.