Во Лас Вегас се одржа прес-конференција за УФЦ 202, кој ќе се одржи овој викенд.
Учесникот на главната борба на вечерта Конор Мекгрегор се појави со петнаесет минути доцнење, а потоа Нејт Дијаз одлучи да собере и на излез фрли шише со вода спрема Ирецот.
Мек Грегор веднаш почна да ги собира сите шишиња што му дојдоа при рака, а од друга страна му враќаа Ник Дијаз и Џејк Шилдс, па претседателот на УФЦ, Дана Вајт, одлучи да ја затвори прес-конференцијата.
Циркусот започнува во 20:30 часот.