На 18 април е една од најпосакуваните борби во УФЦ меѓу актуелниот шампион во лесна категорија Русинот Хабиб Нурмагомедов и Американецот Тони Фергусон. Борбата на УФЦ 249 ќе се одржи во Бруклин.
На нешто повеќе од еден месец до големиот спектакл, УФЦ денеска го објави и промо-видеото за борбата. 31-годишниот Нурмагомедов има 28 борби во ММА, сите завршени со победа. Неговиот последен ривал беше Американецот Дастин Пориер, кој беше поразен во борбата за титулата во септември 2019 година.
35-годишниот Фергусон има 25 победи во 28 борби во ММА. Тој не е влезен во октагонот од јуни 2019 година, откако го победи 36-годишниот Американец Доналд Цероне.