Ронда Русеј е бремена? Се прашуваа фановите низ целиот свет во последните неколку дена по гласините што се раширија на интернет, а за нејзиното проширување придонесе во голема мерка ривалката на Ронда, Крис Киборг, со објавата на Твитер.
Според гласините, поранешната шампионка во бантам категорија се повлекла поради бременост, а Киборг и честитала на Ронда и и посакала се најдобро во „новиот живот“ без УФЦ.
Меѓутоа, многу брзо реагираше УФЦ, Дана Вајт ги демантираше гласините и откри дека разговарал со Ронда која му рекла дека не е бремена. Нејзиното враќање се очекува по опоравувањето од операцијата на коленото, но тоа, се чини, дека нема да биде пред крајот на 2016 година.