Неколку американски медиуми, вклучувајќи го и Индепендент, известуваат дека на повидок е договор за трета борба помеѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз. Спрема нивните извори, трилогијата би требало да ја видиме на последниот УФЦ во 2017 година, кој традиционално се одржува на 30 декмври во Лас Вегас.
Наводно, Дијаз, кој според зборовите на неговиот тренер бара меѓу 20 и 30 милиони долари, го потпишал договорот за трета борба меѓу него и Мек Грегор, а се чека на потписот на Конор за да се закаже датум за борбата.
Актуелниот шампион Конор Мекгрегор нема учествувано во УФЦ борба од ноември 2016 година, бидејќи се подготвуваше за боксерското деби против Флојд Мејведер, кое се одржа минатиот месец .
Од друга страна, пак, Нејт Дијаз ја бојкотира лигата и нема стапнато во рингот веќе 13 месеци, пробувајќи да закаже реванш против Мекгрегор.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги отфрли овие шпекулации и вели дека нема да има трета борба.