УФЦ борците се навикнати да поднесуваат големи болки, но она што се случи со Брајс Мичел, дефинитивно не е според неговите планови …
23-годишниот борец долго време ќе остане надвор од октагонот, но причината не е повреда или нешто, туку бизарен инцидент.
Мичел сакаше да закови штица во неговиот стан, а за да ги користи и двете раце, ја ставил бормашината во џебот на панталоните. Но штом се наведнал таа се вклучила и додека американецот успеал да ја исклучи, тој веќе добил сериозни повреди во препоните.
— Bryce Mitchell (@ThugnastyMMA) August 21, 2018
Борецот не ги споделил деталите за она што се случило, но објави фотографија од неговите крвави боксерки.
Заради ова му треба време да се опорави и да го стави во мирување процесот на тренинзи за некое време.
Сепак, Мичел има и мала утеха. Компанијата „Me Undies“, од која се боксерките, е подготвена да му испрати нов пар.