УФЦ без успех се обиде да ја додаде борбата Хабиб-Фергусон на УФЦ 210

Се чини дека водечката ММА промоција се обидува со сите сили на фановите да им го овозможи долго очекуваниот меч кој им беше скратен на УФЦ 209.

Според Ариел Хелвани, кој ретко има неточни информации, од промоцијата се обиделе да „на карта“ на УФЦ 210 да ја приклучат борбата меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов, па дури постоела опција да се „Ел Цуцуј“ да се спари со Еди Алварез, кој вака останува во комбинација да се бори со Дастин Пориер (УФЦ 211).

„Се уште се само четири борби наведени на графичкиот за УФЦ 210 за ППВ. УФЦ оваа недела безуспешно се обиде да ги организира Фергусон-Хабиб и Фергусон-Алварез за овој настан“, напиша Хелвани на својот профил на Твитер.

Да потсетиме, УФЦ 210 е закажано за 8 април во Бафало, а настанот го предводат Даниел Кормиер и Ентони Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON