Влеговме во неделата на Меѓунардониот Фајт вик и УФЦ 239 настанот како негов главен настан. Денес ни се претставени најавите на Одбројувањето за двете главни борби,оние во кои најголемиот и најголемата на сите времиња, ќе се обидат да го потврдат така како што ги нарековме.
Во сабота Џон Џонс ќе ја брани титулата во полутешка категорија по 10-ти пат. После сите проблеми со кои се соочуваше во приватниот живот, Џонс повторно е на вистинската патека и покажува зошто многумина го сметаат за најдобар на сите времиња. Тијаго Сантос ќе се обиде да ги расипе неговите планови, ќе се обиде да го направи она што не и успеа на 23-ца пред него. Дали ќе успее, ќе видиме во недела рано наутро.
Уште поинтересна мисија е пред Холи Холм, таа ќе треба да ја порази жената со заструшувачки удар, единствената Аманда Нунес. Аманда Нунес е првата жена во УФЦ која успеа да стане шампион во две тежински категории и тоа со победа на кралицата на женското ММА – Крис Киборг. Ова ќе и биде една од најтешките борби во кариерата.