Жорж Сент Пјер (26-2, 20-2 УФЦ) се врати по четири годиншна пауза и ја освои титулата во средната категорија.
36-годишниот поранешен светски шампион во велтер категорија во главната борба на УФЦ 217 во Њујорк со давење од позади во третата рунда го победи Мајкл Bisping (30-8, 20-8 УФЦ) и ја освои светската титула во втората тежинска категорија на УФЦ. Дел од тимот на Канаѓанецот беше и познатиот боксерски тренер Фреди Роуч. ЖСП е четвртиот УФЦ борец кој го освоил шампионскиот појас во две тежински категории.
https://youtu.be/Ftj4XTnWwa0
Т.Џ. (15-3, 11-3 УФЦ) по втор пат стана шампион во бантам нокаутирајќи го во втората рунда големиот ривал Коди Гарбарнт (11-1, 6-1) во својата прва одбрана на титулата и попат му го нанесе првиот пораз во кариерата. Дилшоу го стресе Гарбрант со висок удар, малку подоцна го собори со десно кроше и го заврши со удари во партер.
https://youtu.be/C3rcSgTG9fU
Роуз Намахуњас (7-3, 5-2 УФЦ) во вториот обид стана шампион во сламка категорија по три минути во првата рунда ја нокаутира Јоана Једрзејчик (14-1, 8-1 УФЦ) и нанесувајќи и го првиот пораз во кариерата.
https://youtu.be/Kf7Dkf3zmDo
Пауло Коста (11-0, 3-0 УФЦ) и својата трета борба во УФЦ заврши со нокаут. 26-годишниот бразилски среднист кој до неодамна настапуваше со прекарот „Боракина“ со TKO во втората рунда го победи поранешниот светски првак во велтер категорија Џони Хендрикс (18-8, 13-8 УФЦ). 34-годишниот Американец е 1-5 во последните шест натпревари.
https://youtu.be/TAbGlie70P0
Стивен Томпсон едногласна одлука славеше против Хорхе Масвидал, додека Овинс Сент Про со брутален хај кик во третата рунда го заврши Кори Андресон.
https://youtu.be/iGUa83GmsDU
https://youtu.be/k7pj4St3v9M
Рикардо Рамос со удар со лактот од вртење во третата рунда го нокаутира Аиеман Захаби
https://youtu.be/lM5VyeLbhYY
УФЦ 217:
Жорж Сент Пјер – Мајкл Биспинг (сабмишн, давење од позади, Р3)
ТЏ Дилшоу – Коди Гарбрант преку нокаут (удари) – Р 2, 2:41
Роуз Намахуњас – Јоана Једрзејчик преку нокаут (страјкови) – Р1, 3: 3
Стивен Томпсон – Хорхе Масвидал (едногласна одлука, 30-26, 30-27, 30-27)
Пауло Коста – Џони Хендрикс (ТКО, Р2)
Џејмс Вик – Џозеф Дафи (ТКО, Р2)
Марк Годбер – Волт Харис (дисквалификација, неовластен удар)
Овинс Сент Про – Кори Андерсон (КО, Р3)
Ренди Браун – Мики Гал (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-27)
Кертис Блајдес – Алексеј Олеиник (ТКО, Р2)
Рикардо Рамос – Аиеман Захаби (KO, Р3)