УФЦ 186: Чуден крај на борбата Џонсон-Хоригучи, Рампаж се врати во УФЦ со победа!

mouse horiguchi

Во ноќта, сабота спрема недела, на 26 април во Монтреал, Канада, се одржа одличниот УФЦ 186, на кој што Деметриус Џонсон ја одбрани титулата во мува категорија против јапонскиот борец Киоџи Хоригучи. Го видовме успешното враќање во УФЦ на поранешниот шампион Квинтон „Rampagea“ Џексон, како и важното славење на Англичанецот Мајкл Биспинг.

 Деметриус Џонсон и Киоџи Хоригучи им ја затворија устата на сите критичари, кои, речиси, се исмејуваа на фактот дека нивната борба е главна на програмата на УФЦ 186 настанот, веројатно и ги разбудија сите оние кои не беа нешто посебно возбудени од фактот дека ќе гледаат борба за титулата шампион на УФЦ во мува категорија. На крајот добија 24 минути и 59 секунди постојана акција.

 Деметериус Џонсон го одбрани појасот и тоа на доста убедлив начин, докажувајќи дека, освен тоа што е најубедлив, веројатно е и најкомплетен УФЦ борец. Во пет рунди беше во постојана акција и напад, одговараше на нападите на Хоригучи, и дури 14 пати го соборуваше на земја, но не застануваше ниту една скеунда. Не застана ниту Хоригучи, но се покажа дека се уште не беше подготвен да се бори за титулата.

 Самиот крај на мечот беше спектакуларен и се случи буквално во последната секунда, така помина борбата на Френки Едгар и Куб Свеносн, борба што заврши најдоцна. Од страничната контрола, каде што Хоригучи буквално беше во ситуација на преживување до крајот на борбата, Мајти Маус ја искористи можноста за транзиција и ја грабна раката-правејќи лост. Ќе го цитираме Џо Роган: „Ова е најдобриот борец во светот во овој момент Тој ги завршува борбите и кога тоа не му е потребно, кога е свесен дека ја добил секоја рунда, па дури и секоја минута од оваа борба“. Нема што повеќе да додадеме на ова.

 Во повратничкиот настап до победа дојде и Квинтон Џексон. Тој се бореше против Фабио Малдонадо, а одработи онолку колку што му требаше да победи. Малдонадо не удираше доволно за да му се активира на Бразилецот неговиот познат „убиствен тепачка режим“, така што секој рунда Рампаж ја доби со чист квалитет.

 Чист квалитет демонстрираше и Мајкл Биспинг, кој потврди дека секогаш ќе совлада борец што е навидум послаб од него, но и против оние со поголема репутација и рангирање нема што да бара, барем до следната шанса, која сега сигурно ќе ја добие. Англичанецот успеа да се извелече од соборувањата на ЦБ Долавеј (само два пати во текот на целата борба), а дека е подобар на нозе се знаеше од порано. Тоа само го докажа, за едногласна победа спрема судиските картички.

УФЦ 186: Џонсон – Хоригучи

Деметериус Џонсон – Киоџи Хоригучи со прислиување на предавање (армбар, Р5, 04:59 )
Квинтон Џексон – Фабио Малдонадо со едногласна одлука (29-28 , 30-27 , 30-27)
Мајкл Биспинг – ЦБ Долавеј со едногласна одлука (29-28 , 29-28 , 29-28)
Џон Макдеси – Шејн Кембел со ТКО (страјкови, Р1, 04:53)
Томас Алмеида – Ив Жабуин со ТКО (страјкови, Р1, 04:18 )

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО