УФЦ сака средба меѓу Оливеира и Чендлер

УФЦ му нуди на Чарлс Оливеира да се бори со Мајкл Чендлер на УФЦ 258, што е за помалку од две недели. Организацијата планира да не вклучува титула во нивниот меч, што не му се допадна на Оливеира и ја одби понудата.

Дастин Пориер исто така предложи Оливеира и Чендлер да се борат, но титулата да биде вклучена во нивната пресметка. Златото во лесна категорија е сè уште во сопственост на Хабиб Нурмагомедов и не е јасно кога УФЦ ќе му го одземе.

Пориер стана предизвикувач за појасот, но не сака да се бори и претпочита да ја гледа средбата меѓу Оливеира и Чендлер. УФЦ веројатно нема да вклучи привремена титула за да го привлече Оливеира, кој е подготвен да се бори, но само доколку се работи за појасот.

Чарлс е во серија од 8 последователни победи и доаѓа по големата победа над Тони Фергусон. Тој е рекордер во победите на УФЦ. Во меѓувреме, Чендлер е поранешен шампион во Белатор и дебитираше во УФЦ минатиот месец со нокаут над Ден Хукер во првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON