УФЦ пушти видео во чест на Абдулманап Нурмагомедов (ВИДЕО)

УФЦ во чест на Абдулманап Нурмагомедов пушти специјалното видео, кое го објавија на социјалните мрежи.

Во петокот попладне, таткото на шампионот во лесна категорија во УФЦ го напушти овој свет на 57-годишна возраст. Ова е голем удар за Хабиб Нурмагомедов, кој целиот свој успех го должи на татко му. Во текот на животот, Хабиб тренираше под водство на Абдулманап, кој успеа да изгради многу шампиони во кариерата.

Организацијата искористи дел од интервјуто што Хабиб го даде минатата година во Абу Даби по неговата победа над Дастин Пориер. Потоа, за прв пат во многу години, Абдулманап беше во неговиот агол и постојано му даваше совети и поддршка.

Ова е тоа видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО