УФЦ ги отпушти Демијан Маја и Џими Ривера

Поранешниот предизвикувач на УФЦ во средна и полусредна категорија, Демијан Маја, повеќе не е дел од најкомерцијалната ММА организација.

Граплинг специјалистот веќе не фигурира во онлјан составот на организацијата, а извори блиски до ситуацијата потврдија дека Маја не добил понуда за нов договор. Покрај Бразилецот, Дана Вајт и компанијата одлучиле да го ослободат и борецот во петел категорија Џими Ривера.

Маја (43) последен пат се бореше во јуни кога забележа втор последователен пораз од Белал Мухамед. Бразилецот загуби вкупно 5 од последните 8 натпревари во УФЦ. Маја дебитираше во организацијата во 2007 година.

32-годишниот Ривера последен пат се бореше во февруари. Потоа загуби од Педро Муњоз, четврти пораз во последните шест меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON