Бекзат Алмакан е најновото засилување на УФЦ.
26-годишниот борец од Казахстан ќе ја засили организацијата во бантам категорија. Алмакан има скор од 17-1 во ММА и е во победничка серија од 8 борби. Минатата година забележа 3 последователни победи, од кои две под знамето на Октагон. Бекзат победи во 12 борби со нокаут и 1 со завршница.
Неговиот единствен пораз е со завршница во 2020 година. Алмакан е со 8 победи во првата рунда. Во јули минатата година успеа да забележи победа за само 7 секунди. Сè уште не е познато кога и каде ќе го видиме во кафезот на УФЦ.
View this post on Instagram