УФЦ наиде на многу критики по фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи.
Организацијата на Дана Вајт викендов е во посета на Рио де Жанеиро, Бразил. Во Рио се наоѓа статуата на Христос Спасителот, која е меѓу главните атракции во земјата. Висок е 39,6 метри и се наоѓа на ридот Корковадо висок 710 метри во предградието на градот.
Дополнителната висина на ридот го прави овој модерен колос симбол на христијанството и главен белег на Рио де Жанеиро и Бразил. УФЦ реши да го стави појасот на Христос, што предизвика лавина критики.
Многу обожаватели сметаат дека ова е прилично непочитување кон Исус. Секако, има и такви кои го ценат овој гест од УФЦ.
We’re taking over Rio! 🇧🇷🇧🇷🇧🇷 #UFC283 pic.twitter.com/7NqxhUBJOh
— UFC_AUSNZ (@UFC_AUSNZ) January 20, 2023