Ученик на Конор Мек Грегор провоцираше па доби брутален ќотек (ВИДЕО)

Ученикот на Конор Мек Грегор, Џејмс Галагер, доби бааги голем ќотек од Американецот Рики Бандехас на Белатор 204, поради потценувачкиот и мангупски однос, мислејќи дека противникот од неговите циркузи ќе се исплаши пред да почне борбата.

Галагер сакаше да го испровоцира Бандехас во стил на својот учител и сонародник Мек Грегор, ама наместо тоа доби еден куп директни удари и еден нокаут, по што не можеше да се соземе од ќотекот.

„Ги анализирам грешките. Конор ми објасни сè како тргна на лошо. Тој добро виде. Требаше да бидам многу попаметен. Јас сум паметен борец, го користам мозокот и така победував. Викендов не го направив тоа, а сакав буквално да го убијам. Не бев со чиста глава во овој меч“, рече ирскиот борец.

https://youtu.be/aQlGXFOAYsY

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON