Сулејман Турсунбајев (14) почина во Туркменистан откако беше жестоко тепан по освоен турнир во џудо. Според медиумите во Бахарден, непознати лица се обиделе да го принудат младиот спортист да загуби, со што тој категорично не се согласил.
Во финалето, Турсунбаев извојувал убедлива победа над ривалот, кадет на Институтот за внатрешни работи на Туркменистан и победил на натпреварувањето, што се одржа на почетокот на февруари во Бахарден.
Веднаш по турнирот, 14-годишниот победник Турсунбаев е однесен во непознат правец од млади луѓе. Тинејџерот бил брутално претепан и оставен да умре на улица.
Според изворот turkmen.news, минувачите повикале брза помош. Младиот човек бил пренесен во една од болниците во главниот град, но лекарите одбиле да му помогнат на Сулејман, по што е пренесен во окружната болница и починал неколку дена подоцна.
Родителите на момчето веќе побараа од туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов да ги пронајде и казни учесниците во инцидентот.