Даниелa Волф ќе дебитира во најпознатиот ММА синџир во светот. Убавата Американка ќе се бори против Фелиција Спенсер на УФЦ Фајт најт 192, што ќе се одржи на 22 мај. Сударот ќе биде во перо категорија.
Прекрасната Волчица е родена во Рајтсвил, Пенсилванија и има 37 години. Таа минатата година дебитираше во мешани боречки вештини. Во септември, во серијалот Дана Вајт челинџ, таа воодушеви поразувајќи ја Танеиша Тенант со едногласна одлука, по што доби понуда за договор со УФЦ.
Спенсер, пак, има скор од 8 победи и 2 порази во ММА. Таа победи на 6 натпревари пред официјалниот крај (2 со нокаут и 4 со принуда). 30-годишната девојка, која е поранешна шампионка во лесна категорија „Инвикта ФЦ“, имаше импресивна серија од 7 победи до јули 2019 година, кога загуби од Кристина Џастино на УФЦ 240. Минатата година загуби во првата рунда од Зара Сантос, а во нејзиниот последен меч загуби од двојната шампионка на УФЦ, Аманда Нунеш на настанот УФЦ 250, што се одржа на 6 јуни 2020 година.