Уапсен поранешен шампион на УФЦ поради вмешаност во пукање во кое едно лице беше повредено

Полицијата го уапсила 39-годишната поранешна УФЦ ѕвезда Каин Веласкез за наводно учество во инцидент кој завршил со пукање.

Инцидентот се случил во Морган Хил, град во Калифорнија, а едно лице е повредено.

Веласкез е приведен и може да биде пуштен со кауција.

Полицијата во Сан Хозе се уште не објави информација зошто е обвинет поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, ниту пак официјални информации за настанот.

Инцидентот се случил на 40 километри од салата на Американската академија за кик бокс.

Пукањето било пријавено во понеделникот по 15 часот, а мотивот и околностите на настанот не се познати. Каин Веласкез се повлече од спортот во 2019 година по тешкиот пораз од Френсис Нгану.

Сега е професионален борач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON