Уапсен е Ентони Џонсон за сејмено насилство

Еден од најголемите нокаутери на УФЦ, Ентони Џонсон, е уапсен откако неговата девојка ја повика полицијата и го обвини за семејно насилство.

Двајцата почнале да се расправаат и работите ескалирале. Девојката на Џонсон вели дека му ги собрала работите и сакала да го избрка од куќата, но тој ја грабнал и ја однел во друга соба. Таа била премногу исплашена од неговата големина и од неговото искуство во ММА. Рамбле и призна на полицијата дека подигнал својата девојка, но немал намера да ја повреди.

Тој е уапсен и обвинет за семејно насилство. Ова не е прв проблем на Џонсон со властите, бидејќи во март со друга жена со која имаше врска, доби ограничен пристап. Му беше наредено да избегнува контакт со жената до 6 февруари 2020 година. Во 2009 година повторно беше обвинет за семејно насилство. Џонсон се повлече од ММА во 2017 година, откако по втор пат ја загуби борбата за титулата од Даниел Кормиер.

https://twitter.com/ufcast_/status/1125787222920314880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Farestuvaha-anthony-johnson-za-domashno-nasilie
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON