Турски боксер ја убил девојката оти планирала да му раскине, па објави на Твитер (ВИДЕО)

Спортскиот свет е во шок поради турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу, кој ја уби својата девојка за време на Рамазан бајрам.

За време на неделниот појадок на првиот ден од Рамазан бајрам, тој ја избодел девојката Зејнеп Сенпинар со нож во насилен и брутален напад, по што и немало спас. Веднаш после тоа, боксерот се обидел да се самоубие, но раните не биле опасни по живот. Причината за неговиот гнев, наводно, е љубомора.

Девојката му рекла за време на заедничкиот појадок дека сака да стави крај на врската, а потоа Селим грабнал нож и ја убил.

Љубовната врска помеѓу 27-годишниот боксер и две години помладата Зејнеп, траела долго, но во јавноста се појави транскрипт од апликацијата „Whatsapp“, каде што девојката му открива не еден од нејзините пријатели дека „повеќе од еден месец не е во врска со Ахмет“.

„Уби два животи, очите ти се просветлени“, напиша боксерот на својот Твитер по убиството, а полицијата веднаш го уапси и наскоро се очекува судење

https://www.instagram.com/p/CAkxG5ugDGt/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON