Нгану: Кормиер е поголем предизвик за мене од Миочиќ

Френсис Нгану без сомнение заслужи нова борба за титулата во тешка категорија на УФЦ, но прашање е колку долго ќе треба да чека за неа и на крајот дали ќе ја добие.

На 33-годишниот француско-камерунски борец, откако го нокаутира Алистер Оверем во јануари 2018 година доби можност да го предизвика шампионот Стипе Миочиќ, но беше поразен со едногласна одлука на судиите по пет рунди.

Следуваше нов пораз во разочарувачки меч против Дерик Луис, за потоа почне нов подем.

Со четири експресни нокаути – Картис Блејдс (45 секунди), Каин Веласкез (26 секунди), Жуниор дош Сантос (минута и 11 секунди) и Жаирзињо Розенструик (20 секунди) – дефинитивно ја заработи нова прилика.

Нгану мора да го чека расплетот од третата борба меѓу Миочиќ и Даниел Кормиер и да се надева дека чекајќи или ќе добие шанса или до тогаш ќе остане во победничката низа.

Камерунецот вели дека би бил посигурен во исходот од реваншот со Миочиќ отколку во пресметката со ДК.

„Искрено, имам поголема самодоверба за реваншот против Стипе. Мислам дека Кормиер е поголем предизвик за мене од Стипе. Со Стипе веќе се борев и не можеше да ме заврши. Бев готов, не можев да се мрдам, а Стипе, и покрај тоа, не ме заврши. Ако повторно се борам против Стипе, мислам дека ќе имам повеќе знаење и начини да го победам“, рече Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО