Турки Алалших: Се надевам дека Тајсон Фјури ќе се врати за борба со Ентони Џошуа

Претседателот на Општата управа за забава на Саудиска Арабија, Турки Алалших, рече дека се надева на враќање во боксот на поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури.

Последната борба на Фјури беше на 22 декември 2024 година. Противник му беше поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, непоразениот Украинец Aлександaр Усик. Борбата заврши со победа на Усик со едногласна одлука. Набргу потоа, Тајсон објави дека се повлекува од професионалниот бокс.

Навивачите со нетрпение го очекуваа Фјури конечно да се бори со Ентони Џошуа, но тој најави дека се пензионира. Фјури неодамна сподели на социјалните мрежи дека се посветува на татковството. Сепак, Турки го сака во рингот и се надева дека ќе се врати.

„Сакам Ентони Џошуа да се соочи со Тајсон Фјури. Имав разговор со Фјури, но не и за бокс. Го прашав за неговото здравје и за семејството. Тајсон најверојатно ќе се врати. Се надевам дека ќе го стори тоа“, рече Алалших, пренесува магазинот Ринг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО