Тупурковски одликуван со „Пјер Де Кубертен“ од ИОК!

Cile prima nagrada

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, jа доби наградата „Пјер де Кубертен“ за заслуги и достигнувања во олимпизмот, која денес му ја врачи претседателот на Европските олимписки комитети и потпретседател на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Патрик Хики.

Тупурковски ја добива наградата за сите достигнувања во олимпизмот, промоција на Балканските олимписки комитети, за унапредување на олимпизмот и спортот на светско ниво…

-Голема чест и задоволство што сум тука во Македонија, за да го доделам трофејот „Пјер Де Кубертен“. Кога претсетаделот Томас Бах слушна дека доаѓам тука ме замоли да го доделам овој трофеј. Јас го знам Васил од почетокот кога застана на местото претседател на МОК. Тој беше голем поддржувач на Европскиот Олимписки Комитет. Секогаш вашиот национален олимписки комитет земаше учество во сите наши активности, секогаш беше голем подржувач. Му благодарам,- изјави Хики.

Тпурковски се заблагодари на наградата и изјави дека ова не е награда за него, туку за целото македонско олимписко движење.

-Благодарам за одлуката мене да ми биде доделена оваа награда. Ова е трофеј за МОК. Сите тие што сѐ уште се тука, а од почетокот се сите, имаат голема заслуга. Олимпизмот има големи принципи, а најмногу го почитувам идеалот за мир во светот. Уште во најдревни времиња, имало примирје, кога се држеле олимписките игри,- изјави Тупурковски.

Претседателот на МОК потенцираше дека со сите сили сакаат да го вратат борењето на старите патеки. Во таа насока е вечрашната посета на школата за борење на БК Лирија на Денот на спортот.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON