Државниот првак, Марко Стојаноски, на 17 април ќе настапи на боксерска ревија „Боксинг деј“ во Лесковац, Србија.
Стојаноски ќе го предводи тренерот Васко Цубалевски. Членот на БК Универзалци ќе ги вкрсти ракавиците со најдобрите боксери од Европа и Балканот.
Цубалевски е задоволен со сработените тренинзи за време на подготовките за овој силен меѓународен турнир и очекува борба за првото место.
Ipon.mk/В. Д.