Централниот регистар донесе решение дека Чедо Николовски е претседател на БК Вардар

Централниот регистар на Македонија донсесе Решение со кое се одбива да се упише промената Љубиша Пешко да биде претседател на Боречкиот клуб Вардар од Скопје, така што Чедо Николовски останува на чело на скопскиот клуб.

Во решението се вели дека по жалба на Чедо Николовски на 1 јули до Централниот регистар (ЦР) пристига известување дека Комисијата за жалби  ја увашува жалбата на Николовски и Решението од 17 мај на ЦР се поништува и предметот и се враќа на повторно одлучување во оваа институција.

ЦР имајќи ги во предвид наодите на Комисијата за жалби наоѓа дека не се исполнети условите за упис затоа што претседателот на пријавата не доставил доказ за уредна достава од иницијативниот одбор за одржување на вонредно Собрание до актуелниот претседател, односно истиот, како што е наведено во Решението од Комисијата за жалби, доставил докази дека на денот, кога подносителот на пријавата за промена тврди дека му го доставил барањето на иницијативата, не бил во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и не го примил барањето.

Ipon.mk  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON